Рокот за субвенции до 31. јули

Bez autora
Jun 14 2012

Рокот за поднесување барања за субвенции наместо до 20. јуни 2012. година е пролонгиран до 31. јули 2012. година. Ова е регулирано со Уредба за изменување и дополнување на Уредбата за поблиските критериуми за директни плаќања за 2012. година, што на барање на земјоделците и здруженијата на земјоделци, Владата ја донесе на предлог од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Земјоделците побараа продолжување на рокот за поднесување барања по Програмата поради воведувањето нов систем на администрирање на директните плаќања во Република Македонија. Во насока на воспоставување Интегриран систем за администрација и контрола, се изврши интегрирање на софтверот за директни плаќања со софтверот на Единствениот регистар на земјоделски стопанства, при што се овозможи значајно намалување на документите кои барателите ги доставуваат во прилог на барањата.

Рокот за субвенции до 31. јулиРокот за поднесување барања за субвенции наместо до 20. јуни 2012. година е пролонгиран до 31. јули 2012. година.

Ова е регулирано со Уредба за изменување и дополнување на Уредбата за поблиските критериуми за директни плаќања за 2012. година, што на барање на земјоделците и здруженијата на земјоделци, Владата ја донесе на предлог од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

„Земјоделците побараа продолжување на рокот за поднесување барања по Програмата поради воведувањето нов систем на администрирање на директните плаќања во Република Македонија. Во насока на воспоставување Интегриран систем за администрација и контрола, се изврши интегрирање на софтверот за директни плаќања со софтверот на Единствениот регистар на земјоделски стопанства, при што се овозможи значајно намалување на документите кои барателите ги доставуваат во прилог на барањата“, се наведува во соопштението од Министерството за земјоделство.

Продолжениот рок за поднесување на барањата за субвенции ќе придонесе за целосен опфат на земјоделските стопанства во процесот на поднесување барања.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik